Достапни линкови

Матис: Русија со труењето на шпионот сака да го подели Западот


Џим Матис

Руското труење на поранешниот шпион во Британија е дел од стратегијата на Кремљ да го подели Западот со спроведување тајни операции, а потоа поттикнувајќи сомнеж и несогласување околу тоа кој е одговорен, изјави вчера во Вашингтон американскиот секретар за одбрана Џим Матис. Еден ден по одлуката на неколку десетици влади да протераат144 руски дипломати поради труењето, Матис рече дека одбивањето на Владимир Путин да ја прифати одговорноста за тоа што тој го нарече „обид за убиство“, не може да се земе сериозно.

Матис рече дека инцидентот во Солсбери вклучува "прилично очигледна" употреба на "оружје за масовно уништување", кое британската влада го идентификуваше како воен нервен агенс Новичок, развиен од Русија за време на Студената војна.

XS
SM
MD
LG