Достапни линкови

Могерини повикува на воздржаност за да се сочува мирот во Косово


Могерини и Вучиќ

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека неодамнешните настани во Косово не смеат да се повторат и оти ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап. Вучиќ и Могерини се состанаа синоќа во Белград, на разговори околу отворените прашања за иднината на дијалогот за нормализирање на односите Белград- Приштина со посредство на ЕУ, соопшти Службата за соработка со медиуми на претседателот на Србија. Двајцата соговорници се согласиле да изнајдат нови начини за да продолжат со работа и решавање на проблемите меѓу Белград и Приштина по мирен пат, се додава во соопштението.

Инаку, директорот на српската канцеларијата на Косово, Марко Ѓуриќ, завчера беше уапсен во Косовска Митровица, бидејќи, според Приштина, тој илегално влегол во Косово. За време на интервенцијата на специјалните сили на косовската полиција, 32 лица беа повредени. Ѓуриќ потоа беше протеран од Косово во Србија.

XS
SM
MD
LG