Достапни линкови

Времето сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од минус два до пет, а максималната ќе биде од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интеревалот од два до 14 степени.

Утре и в петок времето ќе биде претежно сончево. Утре наутро температурата на повеќе места ќе се спушти околу нула. Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој в сабота ќе биде од јужен, а в недела од западен правец.

Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.

XS
SM
MD
LG