Достапни линкови

Шефицата на австриската дипломатија во посета на Македонија


Карин Кнајсл

Сојузната министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Карин Кнајсл, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија, при што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи, економските потенцијали за соработка и нивното натамошно продлабочување, соопшти МНР. Разговорите ќе се фокусираат врз европската интеграција на Македонија и приоритетите на австриското претседателство со Европската унија во втората половина од 2018 година, а во светло на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година.

Во рамките на посетата, министерката Кнајсл ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

XS
SM
MD
LG