Достапни линкови

Иран обвинет за поддршка на ракетните напади врз Ријад


Мапа на Иран

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија го обвинува Иран дека ги снабдил Хути бунтовниците во Јемен со балистичките проектили што биле користени во нападите на Ријад за време на викендот и оти тоа заслужува соодветен одговор. Ова го изјави претставник на коалицијата на вчерашната прес конференција во Ријад, додавајќи оти до ваквите информации е дојдено по форензички анализи. Тој нагласи дека одговорот ќе биде соодветен колку што е потребно за да се заштити царството според меѓународното право.

И САД и Велика Британија го обвинија Иран за ракетниот напад на Хутите, додавајќи дека со тоа се поткопуваат меѓународните напори за решавање на конфликтот во Јемен.

Иран вчера не одговори на обвинувањата дека ги поддржува Хутите, но ја обвини Британија за лицемерие, затоа што таа ја снабдува коалицијата предводена од Саудиска Арабија со оружје кое се користи во разурнувачката кампања во Јемен.

XS
SM
MD
LG