Достапни линкови

Почнуваат претседателските избори во Египет


Абдел Фатах ал-Сиси

Околу 60 милиони гласачи од денеска ќе излезат на избирачките места и ќе го изберат новиот претседател на Египет. Најголем фаворит и речиси извесен победник е актуелниот шеф на државата, 63-годишниот Абдел Фатах ал-Сиси, кој го очекува вториот 4- годишен мандат. Негов противкандидат е малку познатиот Муса Мустафа Муса, кој бил регистриран во последен момент. Тој претходно бил дел од тимот на Сиси кој работел на неговиот реизбор.

Гласањето трае 3 дена и ќе се одвива под засилено обезбедување, а официјални резултати се очекува да бидат објавени на 2 април.

XS
SM
MD
LG