Достапни линкови

Трамп го смени советникот за национална безбедност МекМастер


Х.Р. МекМастер

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени советникот за национална безбедност Х.Р. МекМастер со поранешниот амбасадор во ОН Џон Болтон, кој отворено се залагаше за употреба на воена сила против Иран и Северна Кореја. Трамп доцна синоќа на Твитер напиша дека 55-годишниот МекМастер завршил извонредна работа и оти ќе остане негов пријател, а дека Болтон ќе го наследи на 9 април.

Застапник на промена на режимот во Иран, кој работел во администрациите на претседателите Роналд Реган, Џорџ Буш постариот и помладиот, 69-годишниот Болтон беше особено силен критичар на нуклеарниот договор на Иран со светските сили во 2015 година. Тој неодамна на Твитер напиша дека договорот треба да се укине.

XS
SM
MD
LG