Достапни линкови

Времето денеска облачно со повремен снег и дожд


Облачно со повремени врнежи од дожд претежно во јужните делови и со снег во северните делови ќе преовладува и денеска во Македонија. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во попладневните часови речиси насекаде во државата ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер главно од северен правец. Утринската температура се движи од минус пет до три, а дневната ќе биде од минус еден до осум степени.

Во Скопје врнежите ќе бидат од снег и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до три степени.

За време на викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.

XS
SM
MD
LG