Достапни линкови

Саркози тврди дека нема докази за обвинувањата против него


Никола Саркози

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ги отфрли обвинувањата дека прифатил милиони евра за нелегално финансирање на неговата кампања од либискиот диктатор Моамер Гадафи.

„Јас сум обвинет без никакви физички докази“, рекол Саркози на распитот, а пренесува весникот Ле Фигаро. Тој порачал и дека преживува пекол поради клеветата, која според него е лажна.

По распитот, кој траеше два дена, 63 годишниот Саркози е обвинет за нелегално финансирање, пасивна корупција и примање на проневерени либиски средства. Истражителите ги проверуваат наводите дали владата на Гадафи тајно му дала 50 милиони евра на Саркози за претседателските избори во 2007 година.

XS
SM
MD
LG