Достапни линкови

САД и Јужна Кореја ги продолжуваат воените маневри


САД и Јужна Кореја ги продолжуваат воените маневри

Соединетите држави и Јужна Кореја соопштија дека заедничките воените вежби што беа прекинати за време на Зимската олимпијада во Пјонгчанг ќе продолжат на први април. Пентагон соопшти дека Северна Кореја која се противи на овие вежби била информирана дека тие ќе продолжат и оти имаат „одбранбен карактер“. Во меѓувреме, Вашингтон и Пјонгјанг го подготвуваат планираниот состанок меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

XS
SM
MD
LG