Достапни линкови

Ѓукановиќ во трка за претседател на Црна Гора


Мило Ѓукановиќ

Демократската партија на социјалистите на Црна Гора го кандидира Мило Ѓукановиќ за претседател на земјата на изборите што ќе се одржат на 15 идниот месец. Ѓукановиќ синоќа изјави дека неговата лична ореинтација било да не се кандидира, но оти ја прифатил номинацијата заради развојот на Црна Гора. „Ова одлука е израз на мојата одговорност спрема она што се тековни и потреби за идниот развој на Црна Гора“, изјави Ѓукановиќ кој три пати се повлекуваше од државните функции. Нему ова му е втора трка за претседател.

XS
SM
MD
LG