Достапни линкови

Путин: Засега не планирам уставни промени


Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека засега нема планови да го промени Уставот на Русија и сугерираше дека нема повторно да бара мандат за претседател во 2030 година.

Путин зборуваше со новинарите доцна вечерва, откако резултатите покажаа дека лесно го освои новиот шестгодишен мандат како претседател.

Постоечката граница за два последователни мандати значи дека Путин нема да може да се кандидира повтроно во 2024 година без промена на Уставот.

Ограничувањата предизвикаа шпекулчации дека 65-годишниот Путин може да протурка промена на Уставот со цел да остане претседател по 2024 година или да ја измени структурата на руската Влада со цел да ја задржи власта на поинаква позиција.

„Засега не планирам уставни промени“, рече Путин.

Запрашан дали може да се кандидира на изборите во 2030 година рече:

„Слушај, ми се чини дека она што го кажуваш е малку смешно. Ајде да пресметаме – ќе седам ли овде додека не наполнам 100 години? Не“, рече Путин.

XS
SM
MD
LG