Достапни линкови

СДСМ реагира дека Иванов се става над Уставот


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Од СДСМ денеска реагираа дека претседателот Ѓорѓе Иванов наместо да го осуди насилството што се случи во Собранието тој продолжува со неговите политики на поделби, раздор и конфликт.

„Со најавите дека нема да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, Иванов се обидува да се стави над Уставот на Македонија и делува како остаток на поразениот режим“, се наведува во соопштението.

Иванов во видео обраќање порача дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на Указот за прогласување законот.

XS
SM
MD
LG