Достапни линкови

Европратеници имале тајни разговори со Пјонгјанг


Европски парламент

Делегација на Европскиот парламент соопшти дека во изминативе три години водела тајни разговори со Северна Кореја за да ја убеди да се откаже од нуклеарната програма. „Тајно се состанувавме со севернокорејски претставници 14 пати“, изјави британскиот пратеник Нирџ Дева по пленарната седница на Европскиот парламент. Според него, во текот на состаноците одржани во Брисел европските пратенци постојано повторувале дека „дијалогот без предуслави“ е единствен начин за постигнување договор. Тој додаде дека по најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун било решено да се обелоденат овие тајни разговори.

XS
SM
MD
LG