Достапни линкови

Хејли: Русија одговорна за труењето на шпионот


Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли изјави дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот руски шпион во Британија. „Мислиме дека Русија е одговорна, САД апсолутно се солидарни со Британија“, изјави таа по итниот состанок на Советот за безбедност на ОН. Хејли додаде дека не станува збор за „изолиран инцидент“. Деновиве Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле затруени со, како што утврди истрагата, нервен агенс. Тие се во критична здравствена состојба. Британската премиерка Тереза Меј најави низа мерки против Русија, вклучувајќи и протерување на 23 дипломати и замрзнување на билатералните контакти.

XS
SM
MD
LG