Достапни линкови

Албанија и Косово го поздравија донесувањето на Законот за јазиците


Претседателите на Албанија и на Косово Илир Мета и Хашим Тачи

Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците во македонскиот Парламент. „Ја поздравувам решеноста да се донесе законот за употреба на албанскиот јазик од страна на македонскиот Парламент, како важен историски и голем чин, не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија“, се наведува во реакцијата на албанскиот претседател Илир Мета. Косовскиот претседател Хашим Тачи упати честитки до сите Албанци во Македонија и до македонската држава, оценувајќи го донесувањето на законот како многу значаен чекор пред евроатланската иднина. „Тоа е добра волја за соживот, почитувајќи го културниот диверзитет, достоинството и интегртетот на секој граѓанин. Им честитам на Албанците и на македонската држава за овој значаен чекор кон евроатланската иднина, посочува Тачи, оценувајќи дека тоа е во интерес не само на албанската заедница туку и за целиот регион. И косовскиот премиер Рамуш Харадинај го поздрави донесувањето на законот.

XS
SM
MD
LG