„Пресметка“ меѓу Груевски и Џафери, Руските ноќни волци доаѓаат на Балканот, Тензии меѓу Лондон и Москва, Меркел реизбрана, Почина Хокинг...
Настаните на денот низ фотографии - 14 март 2018 година.
Покажи повеќе
1МАКЕДОНИЈА - Законот за употреба на јазиците беше изгласан со 64 гласа ЗА. Поранешниот премиер Груевски најжестоко со бунтуваше против законот, па на моменти ситуацијата меѓу него и спикерот Талат Џафери беше тензична.
2МАКЕДОНИЈА - Американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција.
3МАКЕДОНИЈА - Пред почетокот на седницата на која на дневен ред беше Законот за употреба на јазиците, граѓани протестираа пред Собранието против негово донесување.
4МАКЕДОНИЈА - Судењето за случајот Монструм беше е одложено за 17 април, поради отсуство на јавниот обвинител. Причина за тоа, според судијата, можеби е барањето на Специјалното јавно обвинителство да го преземе предметот. Адвокатот на обвинетите, Сашо Дуковски, посочи дека СЈО треба да го преземе предметот и оти никогаш не е доцна да се утврди вистината.