Достапни линкови

Седница на британскиот национален совет за безбедност


Салсбери

Британскиот национален совет за безбедност ќе се состане денеска за да ја разгледа ситуацијата по нападот со нервен гас врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Салсбери. До состанокот на кој ќе раководи британската премиерка Тереза Меј доаѓа откако истрагата покажала дека траги на нервен гас биле најдени во ресторанот и во пабот кои жртвите ги посетиле пред да бидат најдени во оближниот парк и пренесени во болница каде што се уште се во критична состојба. Побарано е од луѓето кои биле на овие места да ја исперат нивната облека и да ги исчистат мобилните телефони, чанти и очила.

XS
SM
MD
LG