Достапни линкови

Човек со нож убиен пред иранската амбасада во Виена


илустрација

Австриската полиција соопшти дека еден човек бил убиен пред резиденцијата на иранската амбасада во Виена откако со нож го нападнал чуварот. Станува збор за 26 годишен човек кој на чуварот му нанесол повреди на раката пред да биде застелан. Мотивот за нападот се уште не е познат. Амбасадорската резиденција е лоцирана во Вилата Блајмшеин, зграда која била конфискувана од евреиските сопственици за време на Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG