Достапни линкови

Иванов: да го зачуваме споменот на депортираните македонски Евреи


Одбележување на депортацијата и холокаустот на македонските Евреи во логорот Треблинка во Тутунскиот комбинат во Скопје, архивска снимка

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов синоќа истакна дека 7.144 македонски Евреи кои беа депортирани во логорот Треблинка во Втората светска војна не се само статистика, туку секој од нив има име и идентитет и оти наша должност е да го зачуваме споменот за нив, бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме мир. Депортираните 7.144 Евреи кои завршија во логорот Треблинка, претставуваа 98 отсто од севкупната еврејска популација на окупирана Македонија, од кои 50 насто беа деца. На комеморативната седница присуствуваше премиерот Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, евроамбасадорот Самуел Жбогар и други членови на дипломатскиот кор. Активностите за одбележување 75 години од депортацијата на македонските Евреи продолжуваат и денеска со Маршот на живите, обраќањата на премиерот Заев и на неговиот бугарски колега Бојко Борисов пред споменикот на Евреите кај поранешниот Монопол и собраниска седница посветена на депортацијата.

XS
SM
MD
LG