Достапни линкови

Приведен функционер од МВР вработен во кабинетот на министерот Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи е приведен попладнево под сомнение за злоупотреба на службена положба, објави МИА, повикувајќи се на полициски извори.

По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - злоупотреба на службена положба и овластување, наведува МИА.

Тој бил приведен попладнево во полициската станица Кисела Вода.

XS
SM
MD
LG