Достапни линкови

Пакистанските талибанци ја потврдија смртта на синот на нивниот лидер


Мула Фазлула.

Пакистанските талибанци ја потврдија смртта на синот на лидерот Мула Фазлула во нападите со беспилотни летала од страна на американските сили на 6 март. Во соопштението објавено денеска, пакистанските талибанци велат дека е убиен Абдулах, 16 годишниот син на Фазлула. Тој е еден од 21, како што пишува во соопштението, „свети воени“, кои загинале во нападот од беспилотно летало на границата меѓу Авганистан и Пакистан.

Заедно со Абдула, во рок од еден месец се убиени четири високи претставници на талибанците, во напади со дронови.


XS
SM
MD
LG