Достапни линкови

Османи очекува законот за јазици да биде изгласан наредната недела


Вицепремиерот Бујар Османи.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека Законот за јазици ќе се најде пред пратениците наредната недела и се очекува да биде изгласан, како што вели, за доброто на Македонија. Османи во разговор за телевизија Телма вели овој закон не ги претставува почетните позиции на партиите, и дека е компромис меѓу двете партии. Тој отфрла какви било идеи за менување на текстот на законот. Османи не верува дека ако се донесе законот тоа ќе се одрази негативно врз разговорите со опозицијата за реформските закони.

XS
SM
MD
LG