Достапни линкови

СТО - Жалбите на таксите на Трамп зависат од самите членки


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп.

Земјите членки на Светската трговска организација (СТО), доколку сакаат да ги оспорат царинските бариери кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп треба сами да поднесат жалби до институцијата, рече денеска портпаролот на организацијата Даниел Призен. Тој одби да ја коментира одлуката на Трамп да воведе такси на увоз на челик и на алуминиум, но сепак потсети дека генералниот директор на СТО, Роберто Азеведо во понеделникот изрази загриженост за најавените бариери. Портпаролот вели дека следните етапи зависат од земјите членки на организацијата.

XS
SM
MD
LG