Достапни линкови

Одложено рочиштето за Грујевски и Бошковски поради правни прашања


Горан Грујевски и Никола Бошкоски, под придружба на грчки полицаец, го напуштаат судот во Солун во октомври, минатата година

Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април пoрaди прaвни прaшaњa. Наредното рочиште како и денешното ќе се одвива зад затворени врати по барање на одбраната поради безбедноста на Грујевски и Бошковски и поради тоа што во нивниот исказ ќе има прашања кои се доверливи.

За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.

XS
SM
MD
LG