Достапни линкови

Тилерсон разговорал со Трамп за преговорите со Северна Кореја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на прес конференцијата во Џиабути

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека претседателот Доналд Трамп донел одлука тој да ги води разговорите со Северна Кореја. Според него, ќе бидат потребни неколку недели за да се организираат разговорите.

„Тоа е одлука на претседателот. Јас разговарав изутрината со него за одлуката и имавме добра дискусија“, рече Тилерсон на прес конференција за време на неговата посета на Џиабути.

Претходно беше соопштено дека Трамп се согласил да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун до мај годинава, во потрага по договор за отстранување на нуклеарното оружје од корејскиот полуостров.

XS
SM
MD
LG