Достапни линкови

Грчкиот парламент не прифати формирање истражна комисија за „Новартис“


Зградата на грчкиот парламент

По бурни дебати, во грчкиот Парламент беше отфрлен предлогот на опозициската „Нова демократија“ за формирање комисија за утврдување евентуална одговорност на тројца министри од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас за учество во корупциски скандал со швајцарската фирма Новартис. Според опозицијата, тие наводно учествувале во формирање цени на лекарства на фармацевтскиот гигант „Новартис“, околу кој „тече“ корупциски скандал поради поткупи со цел зголемување продажба на лекови во Грција.

Грчкиот Парламент минатиот месец гласаше за формирање парламентарна комисија, која би ја истражила улогата на десет политичари вмешани во тој скандал, двајца поранешни премиери и осум министри. Претпоставките се дека со тие активности, компанијата нанесла штета на државата во висина од околу три милијарди евра.

XS
SM
MD
LG