Достапни линкови

Косово одбележа 20 години од оружениот отпор против Милошевиќ


Мапа на Косово

Стотици граѓани на Косово синоќа ја одбележаа „Ноќта на огновите“, односно 20-годишнината од почетокот на оружениот отпор против режимот на Слободан Милошевиќ. Луѓето, носејќи факели, се собраа во Преказ, 50 километри од Приштина, каде што нивниот национален херој Адем Јашари и 52-јца членови на неговото семејство биле убиени од српската армија и паравоени сили. Оружениот отпор во Косово во 1998 и 1999 година заврши по 78-дневните воздушни напади на НАТО врз Србија.

Косово прогласи независност во 2008 година, која е призната од 117 држави, меѓу кои и од САД, но не и од Србија и Русија.

XS
SM
MD
LG