Достапни линкови

Најмногу невработени жени на Блискиот Исток


Пакистан, Иран и земјите од Блискиот Исток се меѓу државите кои даваат најмалку можности за работа на жените, што резултира со високи стапки на невработеност, соопштија ОН. Во извештајот на Меѓународната организација за труд на ОН, објавен доцна синоќа, се вели дека стапката на невработеност кај жените на Блискиот Исток е двојно поголема од онаа кај мажите, односно 16,3 наспроти 6,8 проценти, како и оти жените ги имаат најслабо платените и наједноставните работни места.

Не постои поттик за жените од Блискиот Исток да работат, изјави Емануела Поцан, родов специјалист на ОН. Работните места не се привлечни, затоа што се слабо платени, додаде таа, истакнувајќи дека надоместоците за трудничко боледување и за нега на деца се исто така „бедни“.

На светско ниво, околу половина од жените работат, додека на Блискиот исток тој процент изнесува околу 19 насто, а во Јужна Азија 28 проценти, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG