Достапни линкови

Времето денеска облачно и врнежливо


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, на планините со снег. Во западните делови на земјава се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од два до девет, а дневната ќе биде од осум до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови ќе продолжи да дува умерен до засилен северозападен ветер. Потоа, до недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Ваквата временска состојба ќе предизвика интензивно топење на снежната покривка која повеќе ја има во планинските предели на западна Македонија.

XS
SM
MD
LG