Достапни линкови

Сорос ги отфрли наводите дека се обидува да ја урне владата на Словачка


Свеќи пред владата на Словачка по убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова

Американскиот милијардер Џорџ Сорос ги отфрли наводите на премиерот на Словачка Роберт Фицо дека се обидувал да ја урне неговата влада и да ја дестабилизира земјата. Фицо претходно изјави дека токму Сорос влијаел врз шефот на државата Андреј Киска кој побара темелна реконструкција на владата, а ако до тоа не дојде да бидат распишани вонредни избори. Киска изјави дека Словаците ја губат довербата во сопствената држава по неодамнешното убиство на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова. Куцијак работел на текст за активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со луѓето блиски на Фицо.

XS
SM
MD
LG