Достапни линкови

Трамп верува дека предлогот на Северна Кореја е искрен


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека севернокорејската понуда за разговори за денуклеаризација е „искрена“. „Мислам дека се искрени поради санкциите и она што го правиме во однос на Севрена Кореја“, изјави тој во Белата куќа откако Пјонгјанг објави дека би сакал да влезе во преговори со Соединетите држави и да ги запре нуклеарните проби за време на преговорите. Во меѓувреме, потпретседателот Мајк Пенс изјави дека Вашингтон нема да ја менува политиката спрема Пјонгјанг без„веродостојни и конкретни чекори“ кон денуклеаризација.

XS
SM
MD
LG