Достапни линкови

Убиени 31 милитант во напади на авганистанските сили


Припадници на авганистанските сили

Најмалку 31 осомничен бунтовник, меѓу кои и милитанти на Исламска држава биле убиени во изминатите 24 часа во копнени и воздушни напади на авганистанските сили низ земјата. Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека 17 милитанти биле повредени, а двајца уапсени, а биле спроведени 13 напади врз нивни засолништа.

Во бомбашки напад во покраината Нангахар загинале две лица, а три биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG