Обединетата Македонска Дијаспора соопшти денеска дека го осудува чинот на палење на национални симболи и слики од политички субјекти на протестите на дијаспората против промена на името, кои се одржаа на 3 и 4 март.
„ОМД, како и другите организации предводници на движењето “НиеСмеМакедонија”, повеќекратно повикаа на мирен и демократски протест со цел зачувување на уставното име, јазик и идентитет“, се наведува во соопштението.
Од ОМД посочуваат дека се се оградуваат од одговорност, бидејќи демонстрантите своеволно отстапиле од демократските вредности и етика.