Достапни линкови

Турција, Русија и Иран ќе одржат самит за Русија


Претставници на иранските, турските и руските власти на средба во Анталија за ситуацијата во Сирија во ноември, минатата година

Турција, Русија и Иран ќе одржат самит во наредниот месец на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сирија и мерките кои треба да се преземат во регионот. Портпаролот на турското МНР, Хами Аксој го најави самитот но не посочи каде тој ќе се одржи.

Русија и Иран не ја потврдија информацијата. Аксој изјави дека Турција ќе им порача на американските власти дека треба да преземат конкретни чекори за преземање на оружјето од сириската курдска милиција. Претставници на турските и американските власти ќе се сретнат на 8 и 9 март во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG