Достапни линкови

Советник на Путин смета дека Западот сака да ја исклучи Русија од Интернет


Герман Клименко, еден од водечките советници на рускиот претседател Владимир Путин

Герман Клименко, еден од водечките советници на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија била подготвена доколку Западот се обиде да ја казни Русија со исклучување од глобалниот интернет. „Да, можете само да го притиснете копчето и да исклучите некоја земја“, рече тој. Русија е обвинета за сајбер напади од неколку земји. Соединетите држави формираа и посебна комисија за да ги итсражи наводите за руско мешање во претседателските избори во 2016 година.

XS
SM
MD
LG