Достапни линкови

Ким Џонг Ун сака обединување на двете Кореи


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун имал, како што ги оцени, „отворени“ разговори со претставници на Јужна Кореја при што ја изразил неговата „цврста волја“ енергично да напредуваат разговорите за реунификација на двете Кореи. Неговиот денешен состанок со претсатвници на Јужна Кореја беше прв од таков вид досега и најнов сигнал дека двете Кореи се обидуваат да ги подобрат односите по едногодишните тензии околу нуклеарните проби на Северна Кореја. Меѓутоа, неговата намера за реунификација беше примена со скептицизам од Сеул и Вашингтон кои оценуваат дека Пјонгјанг на ваков начин сака да ги омекне меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG