Достапни линкови

Коалицијата на Берлускони води на изборите во Италија


Силвио Берлускони на гласањето на изборите во Италија

Раните резултати од изборите во Италија покажуваат дека централнодесничарската коалиција предводена од партијата на Силвио Берлускони најверојатно ќе освои најмногу гласови, но нема да има доволно поддршка за самостојно да формира влада. Со изборени повеќе од половина од гласовите, коалицијата на Берлускони освоила 37 проценти од гласовите.

Според италијанскиот изборен систем на коалицијата и требаат најмалку 40 проценти од гласовите, за да обезбеди мнозинство. Движењето 5 ѕвезди предводено од Луиџи Ди Мајо е на второто место со освоени 31 отсто од гласовите, а по него следи партијата на поранешниот премиер Матео Ренци со 24 проценти на гласови.

На 81 годишниот Берлускони кој три пати беше премиер на Италија не му е дозволено да се кандидира за некој функција поради осудата за даночно затајување. Но, тој се очекува да игра клучна улога во идната влада предводена од претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, неговиот кандидат за премиер.

XS
SM
MD
LG