Достапни линкови

Павлополус: Промена на Уставот предуслов за договор за името


Грчкиот претседател Прокопис Павлополус

Грчкиот претседател Прокопис Павлополус изјави дека предусловите за решавање на спорот за името се промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам. Тоа според него, би се обезбедило со три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите.

Павлопулос, вчера од грчката општина Пиндас-Колиндру, каде што беше прогласен за почесен граѓанин порача дека промената на Уставот е предуслов за постигнување решение, но и за заштита на самиот премиер на Македонија, кој не разбира дека е опасно да потпише договор што е спротивен со Уставот.

Според него, ставот на Грција е јасен и е во согласност со меѓународното и европското право и не е земјата одговорна доколку Македонија со својот став, ја поткопува перспективата за НАТО и ЕУ.

XS
SM
MD
LG