Достапни линкови

Доделени годинашните Оскари


Френсис Мекдорманд

„Обликот на водата“ освои четири Оскари на церемонијата во Лос Анџелес. Филмот на Гилермо дел Торо - за една немоќна жена која се вљубува во мистериозно водно суштество заробено во владина лабораторија - ја освои највисоката награда за филм. Оскар за најдобар актер во машка конкуренција освои Гери Олдман за неговата улога како британскиот лидер Винстон Черчил. Во женска конкуренција победи Френсис Мекдорманд која освои Оскар за нејзината улога во филмот „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“.

XS
SM
MD
LG