Достапни линкови

Почина капитенот на Фиорентина Давиде Астори


Логото на фудбалскиот клуб Фиорентина

Италијанскиот фудбалер Давиде Астори почина денеска на 31-годишна возраст, објави неговиот клуб Фиорентина. Капитенот на тимот од Фиренца не се разбудил од сон во хотелот во Удине, каде што Фиорентина требаше да го одигра натпреварот со Удинезе. Италијанските медиуми пишуваат дека Астори имал срцев удар. Астори, кој има 14 натпревари за националниот тим на Италија, пред две недели стана татко.

Кариерата ја започна во Милан, а потоа играше за тимови како Кремонезе, Каљари и Рома.

Сите дуели од 27. коло од Серија А се одложени поради смртта на капитенот на Фиорентина, одлучи комесарот на шампионатот, Џовани Малаго.

XS
SM
MD
LG