Достапни линкови

Приведени двајца напаѓачи врз малолетник во Скопје


Полицијата ги идентификува тројцата учесници во инцидентот кои на 1 март на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје му нанесоа убодна рана на З.Т.(17) од Скопје. Како што информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција, приведени се две од трите лица кои се учесници во настанот, а во моментот во СВР Скопје се преземаат мерки на документирање и целосно расчистување на случајот.

Приведените лица во целост го признаваат ова дело и против нив во текот на денот или во наредните денови ќе биде поднесена кривична пријава. Против третото лице СВР има распишано централен распис и по него се уште се трага, рече Велковски.

Двете приведени лица за настанот се средношколци во гимназијата „Цветан Димов“, а инцидентот се случил, како што рече Велковски, по вербална расправија при влегување и излегување од автобус број 57.

Инаку, малолетникот не е во животна опасност. Во нападот што се случи на 1 март околу пладне на постојката Рекорд на малолетникот му беше нанесена убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот.

XS
SM
MD
LG