Достапни линкови

УХМР предупредува на можно излевање на реките


Архивска фотографија - Реката Вардар во Скопје.

Опасноста од локални излевања на Треска, Црна Река и Вардар и нивните притоки и натаму останува во горните текови, како и на Пчиња, Сатеска, Голема Река и други реки главно во западниот дел од државата. Потврдени излевања има во горниот тек на Црна Река во атарот на селата Граиште, Единаковци, Света и Бучи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради појавата на високи водостои и излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

Топењето на снегот, заедно со врнежите од дожд во изминатотот деноноќие, потенцираат, условува постојан дотек на вода во суводолиците и реките.

XS
SM
MD
LG