Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не го оствари ветениот поврат на ДДВ


Архива: Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ вети и не оствари поврат на 15 проценти ДДВ, Зоран Заев ветуваше дека оваа мерка ќе биде првата на владата на СДСМ и немаше изборен собир на кој Заев не се фалеше дека со оваа мерка секое семејство ќе добива 30 илјади денари, односно 13 плата на секоја календарска година, соопшти опозициксата ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само што оваа мерка не беше реализирана веднаш, туку не е имплементирана ниту денес, година ипол по изборите во 2016 година. Скоро една година откако Зоран Заев е премиер оваа мерка е се уште мртво слово на хартија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ реагира дека граѓаните ја чувствувале разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното управување со буџетските пари на Владата предводена од СДСМ.

„Зголемената минимална плата, укинувањето на радиодифузната такса, зголемените субвенции и државна помош за претпријатијата, решавањето на долгодишниот проблем со стечјните работници, се само дел од спроведените мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните“, велат од СДСМ.

XS
SM
MD
LG