Достапни линкови

ФИФА очекува Иран да им дозволи влез на жените на стадионите


Шефот на ФИФА, Џани Инфантино

Шефот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека иранскиот претседател Хасан Рохани го уверил дека на жените наскоро ќе им биде дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари во земјата, иако за тоа ќе биде потребно време.

Иранскиот министер за внатрешни работи Салман Самани неодамна изјави дека на 35 жени им бил забранет влез на натпревар на стадионот Азади во Техеран. Групи за права на жените соопштија дека некои од нив биле уапсени. Но, Самани негираше и посочи дека жените само биле пренесени на адекватно место.

Инфантино вчера се сретна со Рохани за време на неговата посета на Техеран и истакна дека тоа може да им помогне на многу жени низ светот. Иран во минатото ги игнорираше повиците на ФИФА да ги отвори стадионите за жени.

XS
SM
MD
LG