Достапни линкови

Љајиќ предупредува на контрамерки ако нема договор за брашното


Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски не постигнале согласност околу повлекувањето на спорниот Правилник за обележување на брашното и затоа бил одложен нивниот денешен состанок. Според Љајиќ, усогласувањата ќе продолжат во текот на викендот.

Тој предупредува и дека ќе се воведат контрамерки, ако не се постигне заеднички прифатливо решение и тоа ќе биде на штета на стопанствениците од двете страни, а ќе бидат загрозени и билатералните односи меѓу Србија и Македонија.

XS
SM
MD
LG