Достапни линкови

Наместо денеска за проблемот со брашното ќе се решава во следните денови


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски

Состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ кој требаше да се одржи денеска во Скопје е одложен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека разговорите меѓу двајцата министри на кои треба да се најде решение за проблемот со увозот на српското брашно продолжуваат во наредните денови.

Откако македонската влада донесе нов правилник за увоз на брашно со што се поскапува таа постапка, Србија се закани дека ќе воведе контрамерки за увоз на сите македонски земјоделски и прехранбени производи. За српските производители Македонија претставува трет извозен пазар на кој годишно пласираат до 40 илјади тони брашно. Ова не прв спор околу брашното меѓу Македонија и Србија, а последниот беше во август 2016 година.

XS
SM
MD
LG