Достапни линкови

Трамп најави тарифи за увоз на челик и алуминиум


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во наредната недела ќе воведе увозни тарифи за челични и алуминиумски производи. „Ќе имате заштита за прв пат по подолго време“, изјави тој на состанокот во Белата куќа со директорите на компаниите од металската индустрија. Според него, увозните тарифи за челик би биле 25 насто, додека за алуминиум 10 проценти. Воведувањето тарифи, според оценките на експертите, би можело да доведе до трговска војна со Кина.

XS
SM
MD
LG