Достапни линкови

Убиени 8 турски војници во битка со курдите во Сирија


илустрација

Турски воени извори соопштија дека осуммина турски војници загинале во најновите борби кај курдската енклава Африн во северозападна Сирија. Во акцијата против курдските сили што Турција ги третира како терористи поврзани со турските курди биле ранети 13 турски војници. Од почетокот на офанзивата на 20 јануари годинава досега, според турски воени извори, загинале над 40 турски војници.

XS
SM
MD
LG