Достапни линкови

Ципрас ја реконструира владата


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изврши мала реконструкција на владата откако министерот за економија Димитрис Пападимитру поднесе оставка, а по отпуштањето од владата на неговата сопруга, државна секретарка за труд која добила надомест за стан. Ципрас го наименува потпретседателот на владата Јанис Драгасакис за министер за економија. Станува збор за 71 годишен економист и поранешен член на Комунистичката партија на Грција. Скандалот со надоместот за стан беше откриен во минатата недела. Министрот за одбрана Дмитрис Витсас е преместен на местото министер за миграциска политика. Јанис Музалас ја напушти оваа функција поради здравствени проблеми.

XS
SM
MD
LG